Зад себе остана уште еден турнир на Вимблдон, како што популарно го нарекуваат „Светско првенство“ во тенис, а доби двајца нови шампиони, двајца луѓе кои никогаш досега не го направиле тоа. Во женска конкуренција титулата ја понесе Маркета Вондрушова, додека кај мажите најдобар беше Карлос Алкараз.
Во големото финале Шпанецот победи против Новак Ѓоковиќ дури по пет сета, со 3:2, а Србинот беше тој што имаше предност од 1:0 по многу убедливиот прв сет, но потоа почна да греши и тоа го искористи младиот Алкараз.
Новак веќе седум пати го освојуваше Вимблдон, а со евентуална осма титула ќе се израмнеше со Роџер Федерер. Сепак некој му застана на патот, а тој моментално е тенисер број еден во светот, споменатиот Карлос Алкараз.
Ѓоковиќ е дури 16 години постар од Шпанецот, моментално српскиот тенисер има 36 години, но неговата форма, како и изгледот на телото укажуваат дека му претстојат уште неколку години врвен тенис. Сето тоа се должи на неговиот посебен режим на исхрана и неговата рутина.
Како изгледа денот на Ѓоковиќ?
Кога станува збор за Ѓоковиќ, тој има посебен режим на исхрана, има диета без глутен, како и се останато што е подготвено е исклучиво од растително потекло. Неговиот ден започнува со чаша топла вода и лимон, кој помага во детоксикација на неговото тело.
Веднаш потоа го чека „činija snage“. Ова е и главниот оброк во денот, бидејќи содржи доволна доза од се што е потребно за нормално функционирање. Неговиот „моќен сад“ содржи јаткасти плодови, растителни семиња, мусли без глутен, бобинки, јагоди, банани и јогурт.
По појадокот има сок од целер, како и зелено смути, а за тоа време се подготвува и нов пијалок од грашок, целер, сок од јаболко, нане, спанаќ и кељ. И двата пијалоци се полни со антиоксиданси.
Веќе по оброкот следува новата рутина на Новак Ѓоковиќ – тоа се јогата и медитацијата, кои траат околу 20 минути. После тоа следува истегнување, како и вежби за дишење кои помагаат во целосна релаксација на телото. Дури кога ќе го направи сето тоа, Новак излегува на теренот каде почнува да игра тенис.
Новинарите се обидоа да го следат темпото на Новак и дојдоа до неверојатни резултати.
Имено, по првичното истражување, на самиот крај на оваа „Новакова програма“ дошле до заклучок дека тој е попозитивни за дури 31,5 отсто, посмирен за 24,3 отсто, но и дека е „посериозен“ за 17,8 отсто.