Еден од највлијателните и еминентни весници во светот, Politico, објави интересен извештај односно опис на типична ноќ кога уличките, баровите и ноќните клубови во Стразбур се преплавени од членови на Европскиот парламент (ЕП) и толпа службеници кои ги придружуваат претставниците на нивните официјални патувања меѓу Брисел и Стразбур – градовите каде се одржуваат состаноците седници на ЕП.
Новинарот на Politico, Еди Вокс, го започнува извештајот многу изненадивачки. Извештајот повеќе личи на опис на ноќно излегување на распуштени студенти или матуранти, отколку на излегување на високи функционери и вработени во највисокото законодавно тело на Европската унија, со ефективен вовед, истакнувајќи дека ноќта која дипломатите и европратениците ја започнале со елегантни коктели завршила околу четири часот наутро кога, како што се вели, вработен во ЕУ, уништен од алкохол, удрил (нападнал) претставник на ЕП пред еден од бројните ноќни клубови, кои високи функционери и вработени на ЕП редовно го посетуваат.
Опишувајќи ја неговата т.н. „инспекција“ на ноќниот живот во Стразбур, новинарот на споменатиот весник претстави многу живи слики од дружењето на пратениците и персоналот за поддршка на ЕП, кои го убиваат стресот со многу алкохол и ги прескокнуваат политичките и моралните бариери кои вообичаено цврсто ги делат.
За работите да бидат поинтересни, оваа репортажа е направена во средина на работната недела – ноќта од среда кон четврток.
„Влегувам во Les Aviateurs, бурниот клуб во Стразбур во кој најмногу се пие пиво и текила. Од едната страна, добро облечен шведски европратеник од Европската народна партија стои во барот и се обидува да ја намали музиката за да можеме да разговараме, додека неговиот колега, екстремно десничарски естонски европратеник, само рока по ритамот на музиката“, пишува новинарот на Politico во својот извештај.
Тој го завршува извештајот за распуштеното излегување на функционерите и вработените во ЕП со опишување на сцена, во која претставник на ЕП од редовите на германските партии, Ерик Маркарт и неговиот соработник се обидуваат да му помогнат на ужасно пијан вработен во Европскиот парламент, кој облечен само во маица со кратки ракави, делува како да не е тој, а истиот го прашал новинарот: „Каде живееш, душо ?“.
Пијаниот човек не добил одговор, но затоа нивниот обид да помогнат завршил со тоа што пијаниот вработен удрил односно нападнал германски европратеник.
„По извесно време повикавме итна помош и го предадовме на медицински лица. Пленарната седница на Европскиот парламент почнува во 09:00 часот, за само четири часа од настанот“, се речениците со кои завршува репортажата за ноќниот живот на високите функционери и претставници на ЕУ.