Специјално лижавче, односно бонбона со вкус на овошје, направена од научници, може да биде одлична алатка за рано откривање на рак на усната шуплина, велат експертите. Лижавче може да ја направи дијагнозата поедноставна и побрза.
Кога бонбоните со вкус на овошје, развиени од научниците од Универзитетот во Бирмингем, се чуваат во устата неколку минути, протеините кои ги ослободуваат клетките на оралниот рак се „заглавуваат“ во специјалната гел-облога на лижавчето.
Гелот потоа се разложува на течност со помош на ултравиолетова светлина, што им овозможува на лекарите да видат дали има тумор за неколку минути.
Истражувачите се надеваат дека лижавчето ќе ја забрза дијагнозата на орален карцином , а можеби ќе се користи и за скрининг на тумор кај најранливите – пушачите или оние кои пијат големи количини алкохол.
Ова лижавче може да ја направи дијагнозата поедноставна и побрза . Тим од Бирмингем разви гел направен од вода и полимер – мек материјал составен од релативно големи хемиски молекули. Кога пациентот го лиже лижавчето, протеините – вклучувајќи ги и оние поврзани со рак во нивната плунка – потоа се заробени меѓу поголемите молекули.
Еден од главните таргетирани протеини е интерлеукин-6, кој природно се произведува од имунолошкиот систем како одговор на инфекција или воспаление. Но, исто така, во поголема мера се произведува од клетките на ракот додека се размножуваат. Бројни студии го идентификувале неговото присуство во плунката како ран предупредувачки знак за рак на устата, пишува Daily Mail.
Тестот за лижавче ќе даде моментални резултати и пациентот потоа може да биде упатен на специјалистички тестови или биопсија.
Се вели дека истражувачите од Бирмингем ќе ги поминат следните три години усовршувајќи ги лижавчињата, кои се дизајнирани да се користат рутински од општи лекари и стоматолози.
„Во моментов, оралниот рак може да биде многу тежок за лекување и има лоша прогноза – делумно поради доцната дијагноза. Брзиот тест како овој може да биде одличен начин да се дијагностицира во раните фази“, нагласува докторот Најџел Картер.
Експертите забележуваат дека редовното консумирање на ресвератрол, соединение кое се наоѓа во црвеното овошје како грозјето, доматите и јагодите, може да го намали ризикот од рак на устата за околу 15 проценти.