Францускиот актер Винсент Касел (57) со години ја фасцинира јавноста – не само со филмските улоги, туку и со бурниот љубовен живот. Иако често се зборува дека тој не е особено убав, шармот и харизмата на овој уметник го направија магнет за најубавите жени на светот. Тоа го потврдуваат и имињата кои му го одбележаа животот – од Моника Белучи со која има две ќерки, до манекенката Тина Кунаки, до младата и атрактивна Нора Баптиста со која неодамна доби дете.
Бракот на Винсент Касел со Моника Белучи траеше цели 14 години. Парот важеше за синоним за совршенство, а од нивната љубов се родија две ќерки.
Сепак, по разводот, актерот не остана долго осамен – утеха најде во манекенката Тина Кунаки, која беше речиси три децении помлада . Нивната врска, придружена со насмевки на црвениот тепих и споделени фотографии на социјалните мрежи, роди уште едно дете, но по неколку години заврши со развод. Причината? Се шпекулира за неверство на Тина, иако ниту една од страните никогаш официјално не ги потврди тврдењата.
Не тагуваше, туку најде уште помлада
Дури и по разводот со Тина, Касел набрзо најде нова љубов – друга манекенка Нора Баптиста , која има само 28 години. Нивната врска, првично отфрлена како минлива работа, брзо доби сериозен тон. И покрај гласините дека Нора е само „одговор“ на неверството на Тина, се чини дека меѓу нив навистина постои љубов – парот се уште е заедно, а на 12-ти јануари годинава добија син, кој е четврто дете на актерот.
Младата Нора, која не ја крие гордоста, често на социјалните мрежи споделува среќни моменти со својот избраник, игнорирајќи ги коментарите за големата разлика во годините. За разлика од претходните врски, Винсент овој пат е многу подискретен – со Нора сподели само фотографии двапати, од кои втората беше најава за нивната бременост.
Не се грижат за брчките
Се чини дека годините не можат да ја намалат харизмата и способноста на Винсент да ги освојува најубавите жени. Без разлика што неговата коса веќе стана сива, а брчките му станаа повидливи, магнетизмот не му слабее.
Дали е ова љубовна приказна која ќе трае? Времето ќе покаже, но едно е сигурно – Винсент Касел останува еден од најинтригантните заводници на светската филмска сцена.