КАКО НА ФИЛМ! Ова е најголемиот грабеж во историјата, а никој ништо не забележал: “Од аеродром исчезна контејнер со злато вреден 20 милиони долари!“

Златото вредно милиони долари исчезна од меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, а ова воедно е и еден од најголемите грабежи во Канада.

Полицијата од Канада во четвртокот објави дека крадците побегнале со злато и други скапоцени предмети вредни повеќе од 20 милиони долари неколку дена претходно.

Регионалниот полициски инспектор Стивен Дувестејн изјави за весникот Toronto Star дека контејнерот бил украден откако бил истоварен од авионот во складиштето.

Она што можам да го кажам е дека контејнерот имаше пратка со висока вредност. Содржеше злато, но не само злато, содржеше и други предмети со парична вредност“, изјавил инспекторот за споменатиот весник.

Полицијата врши увид и засега никој не е уапсен за овој филмски грабеж.

Управата за аеродроми во областа Торонто (GTAA) соопшти во кратко соопштение за тамошните медиуми дека крадците добиле пристап до складиштето однадвор.

Златото ископано во Канада често се чува во Пирсон пред да биде испратено во странство. Речиси половина од воздушниот карго сообраќај во Канада минува низ тој аеродром.

Оваа кражба е една од најголемите во канадската историја, вклучително и кражбата на јаворов сируп во 2011 и 2012 година, кога крадците украле 9.600 барели јаворов сируп во вредност помеѓу 15 и 20 милиони долари од складиште во близина на Квебек.

златоКанадакражбаТоронто