Како некогаш Јаница Костелиќ: Хрватската скијачка славеше на Светскиот куп по 18 години

Зринка Љутиќ, хрватска скијачка, победи на слаломската трка во Светскиот куп, што викендов се одржа во Земеринг, Австрија.

Нејзината победа е прва за хрватското женско скијање по Јаница Костелиќ во 2006 година.

Љутиќ стартуваше втора по првото возење и имаше 51 стотинка предност пред Германката Лена Дур . Таа ја зголеми таа предност со маестрално второ возење и на крајот победи со 1,75 секунди пред нејзината ривалка. Трета заврши Катарина Лајнсберге.