„Како никому не му текна на ова“: Жена дизајнираше преклопни закачалки и стана хит

Дали некогаш сте се почувствувале фрустрирани поради недостаток на простор за облека или сте се обиделе несмасно да натрупате повеќе работи, само за да испаднете? Во иста ситуација се најде и Симоне Гирц која реши да најде решение.

По три години планирање и дизајнирање, Симоне реши да ја спроведе својата идеја за виткање закачалки и сега започна кампања на Kickstarter.

Таа го сподели својот дизајн на TikTok и рече: „Ако вашиот плакар е премногу плиток за обични закачалки или имате простор каде што не можете да користите стандардни закачалки, еве го решението што го подготвив за вас“.

@simonegiertz

The Coat Hinger is available on @Kickstarter now! Link in bio!

♬ Aesthetic – Tollan Kim

„Шарките се дизајнирани да држат ткаенини со различна дебелина цврсто, без да остават никакви бразди во облеката, додека жлебовите на шипката се обезбедени така што вашите закачалки секогаш се совршено порамнети“, објасни таа.

Заедно со демонстрацијата за тоа како да се користи новиот дизајн, Симон се запраша зошто нејзиниот изум не е веќе популарен и ги покани сите заинтересирани да ја поддржат нејзината кампања Kickstarter.

Закачалките за облека што се склопуваат предизвикаа голем интерес. Kickstarter на Simone брзо ја постигна својата цел, за неколку часа, и моментално има 282.746 долари (258.032,59 евра). Количината на пари продолжува да расте бидејќи се повеќе луѓе одлучуваат да ги вложат своите пари во овие закачалки.

Со оглед на популарноста на дизајнот, едно лице ѝ понуди совет на Симон: „Те молам, патентирај го ова. Никогаш не сум го видел ова, брилијантно е и сакам да ги добиеш сите можни кредити и пари“.

“Ова е генијална идеја. Најдобро од сè, работите нема да се лизгаат”, “Како на никој не му текнало на ова до сега?”, “Ова е толку паметно и практично”, се само дел од коментарите под видеото кои стана вирална и има над 2,8 милиони прегледи.