Велигден е најрадосниот христијански празник, денот кога сме со најблиските, ден на среќа, симбол на победа на животот над смртта.
Најголемиот празник за сите верници од Христијанска вероисповед брзо се наближува, а како и секоја година се повторува дилемата како правилно да се честита Велигден, односно воскресувањето на Исус Христос.
По повод овој празник, сите православни христијани си подаруваат позната традиционална честитка и очекуваат да им биде возвратена на сличен начин односно со поздрав. Сепак, многумина не го изговараат правилно овој познат поздрав.
Еве каде е грешката и како гласи правилната и единствена велигденска честитка, и еве кои верзии никогаш не треба да ги користите, бидејќи се целосно неточни!
„Христос воскресе, Христос воскресе, Христос воскресе…“ слушаме толку многу слични, а во суштина, сосема различни изговори на велигденски честитки и поздрави.
Според речникот на МПЦ-ОА, најправилно би било да се каже: „Христос воскресе“. Дополнително, дозволена е и архаичната, црковна форма на – „Христос воскресна“.
Неточно е да се каже „воскресение“. Значи само овие два начина – „воскресе“ и „воскресна“ се точни.
Истото прашање се поставува и кога е во прашање одговорот на велигденската честитка, односно сите верници треба да кажеме: „Навистина воскресна“ или „Навистина воскресе“.