Бројот на спасувачи достигна 9.698 со 216 возила кои веднаш беа испратени од Истанбул и беа ставени на располагање на локалните интервентни тимови во зоните на земјотресот
По земјотресот со јачина од 7.7 степени со епицентар во областа Пазарџиќ во провинцијата Кахраманмараш на југоисточниот дел на Туркије започна голема акција за пронаоѓање и спасување на повредените чиј број се проценува на илјадници.
Регионот беше погоден од 78 последователни потреси, вклучително и оние со поголеми магнитуди (6,6 и 6,5), што ја опфатија и југоисточната провинција Газиантеп, информира Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД) .
Заедно со службениците на АФАД, 27 акредитирани општински и невладини службеници, како и волонтери бројот на спасувачи достигна 9.698 со 216 возила кои веднаш беа испратени од Истанбул и беа ставени на располагање на локалните интервентни тимови во зоните на земјотресот.
Вкупно 300.000 ќебиња, 19.772 шатори, 24.172 кревети, 47.176 комплети за спиење и 1.106 кујни сетови се испратени во регионот, објави АФАД.
Но, ова е само мал дел од една огромна и комплексна операција. Ова се сите клучни детали кои треба да ги знаете.
1. Координација
Првиот чекор е да се мобилизираат екипите за потрага и спасување кои најчесто се волонтери со високи вештини, и имаат најмалку обука во времетраење од две години.
2. Анализа и потрага на празнини
Штом спасувачките екипи пристигнат на лице место на несреќата првото нешто што го прават е проценка на ситуацијата, ја оценуваат градбата, нејзиниот историјат, и пробуваат да откријат каде најверојатно би можеле да се наоѓаат луѓето.
Спасувачите се во потрага по празнини, како на пример под работни бироа, кади, или под скалила каде можеби се заглавени жртвите или пак, каде истите би се засолниле при колапсот.
Исто така е клучно да се процени големината на оштетувањето на градбата и дали постои можност повторно да се разруши што може да ги загрози преживеаните, но и спасувачите.
Спасувачите исто така треба да внимаваат на опасност од струјни кабли, протекување на гас, поплавување и други опасни материи и закани. Посебни одела, ракавици, маски и уреди за набљудување на квалитетот на воздухот и количеството на јаглерод диоксид се дел од заштитната опрема.
3. Внимание и на најтивките звуци
Најмалите звуци може да се лоцираат на неколку метри со употреба на специјализирана звучна опрема. На локацијата мора да се воспостави тишина додека спасувачите даваат звучни сигнали во надеж дека ќе добијат повратна реакција од преживеаните.
Детекторите на јаглероден диоксид се користат за пронаоѓање преживеани кои се онесвестени. Тие најдобро функционираат во мали простори каде има поголема концентрација на ЦО2 од луѓето кои се уште дишат.
Камера со термичка слика која покажува области на телесна топлина и обучени кучиња трагачи се меѓу главните методи за анализа на теренот.
4. Отстранување на урнатини и извлекување на жртвите
Пред преживеаните да бидат извлечени од урнатините мора да се стабилизира ситуацијата. Ова се прави со поставување правоаголна дрвена рамка позната и како „креветче“ која се поставува под урнатините.
Спасувачите користат тешка механизација за поместување на крупни остатоци, со хидраулични копачи и компресори, и штом локацијата е обезбедена, жртвите се подигнуваат, извлекуваат и пренесуваат надвор од опасната зона со посебна безбедносна опрема.
Спасувачките екипи со употреба на копачи за распарчување големи парчиња бетон од надворешноста на градбата може да видат колку поединци се заглавени внатре.
Од останатите алати се користи опрема за зацврстување која обезбедува стабилни и безбедни коридори и воздушни перничиња кои се поставуваат под големи предмети кои ги отстрануваат откако ќе се надуваат со воздушна пумпа.
Како што се извлекуваат настрадани се врши процени на нивната здравствена состојба и се врши тријажа за утврдување на приоритетните пациенти во зависност од сериозноста на нивните повреди. Најитните медицински процедури вообичаено започнуваат на лице место.
5. Кога потрагата завршува
Најтешката одлука која треба да се донесе е кога да заврши потрагата за тие кои и натаму се под урнатините и истата ја носи самата агенција во координација со државните органи. Иако преживеани се пронајдени и по 13 дена ако имаат пристап до вода, просечниот период за потрага е помеѓу пет и седум дена.
TRT World / TRT Balkan