Русија и западните земји предводени од САД ја извршија најголемата размена на затвореници од крајот на Студената војна, со вкупно 24 лица ослободени од затвор и префрлени во нивните матични земји.
Кога беше објавена размената, аналитичар на БиБиСи објасни како Русија се однесувала во текот на целиот процес и што се случувало зад сцената.
Би-Би-Си пишува дека Русија со месеци „чувала“ затвореници како новинарот Еван Гершкович и новинарката Алса Курмашева за да преговара за размена со Западот.
Честопати нивните судења беа одложувани, за да завршат „нагло“ и тие беа осудени на долги казни без никаква преголема основа. Фактот дека и двата процеси нагло се забрзаа, сугерира дека Русија ја подготвувала оваа размена.
Генерално, режимот на Владимир Путин во минатото, исто така, ги таргетираше луѓето од западните земји кои живеат или работат во Русија, за подоцна да ги искористи на овој начин.
Во Русија тоа се нарекува „заложничка дипломатија“, каде би биле разменети за руски државјани блиски до режимот на Путин во Москва.
Путин и неговиот тим сметаат дека во САД медиумскиот притисок ќе биде значителен за заложниците да бидат ослободени на кој било начин, дури и по цена и да се разменуваат.
Така, за кошаркарката Бритни Гринер, уапсена во 2022 година, имаше огромен притисок од јавноста да ја ослободи и да ја врати дома. Путин го искористи тоа и го врати во земјата Виктор Бут, озлогласениот трговец со оружје попознат како „трговец на смртта“.
Во оваа рунда преговори, Путин навистина ослободи двајца новинари и американскиот маринец Пол Вилан, но го врати Вадим Красиков, кој, според германските служби, по инструкции на руските агенции уби Чеченец во берлинскиот парк.
Красиков требаше да го помине остатокот од животот зад решетки, но доби нова слобода благодарение на оваа размена.
На крајот, Би-Би-Си пишува дека, иако САД ќе го прослават враќањето на еден маринец и двајца новинари, како и други ослободени, позитивниот одговор на руската „заложничка дипломатија“ е крајно опасен и може да ја загрози безбедноста на другите луѓе кои живеат во оваа земја, а доаѓаат од западните држави.