Патниците и членовите на екипажот на јапонскиот патнички авион кој се запали при слетувањето на аеродромот во Токио успеаја да се евакуираат за само 90 секунди, пред пожарот целосно да го зафати телото на авионот.
Авионот на Japan Airlines се запали при слетување на пистата на аеродромот Ханед во Токио, Јапонија, пренесува Telegraph.
Иако експлозијата и пожарот може да се видат на снимката од движењето на авионот по пистата, сите луѓе кои биле внатре успеале безбедно да се евакуираат.
На видеото се гледа како комерцијалниот авион такси по пистата додека бил зафатен од пламен.
За време на евакуацијата, која траела само 90 секунди, патниците и членовите на екипажот ги користеле воздушните лизгалки кои се користат во итни случаи.
Во Ербас А350-900 имало речиси 379 патници и членови на екипажот. Овој авион, со број 516, летал од аеродромот Читосе во Хокаидо и слетал на аеродромот Ханед во Токио.
Јапонски ерлајнс објави дека при слетувањето авионот се судрил со авион на крајбрежната стража.
Во оваа несреќа животот го загубија пет членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража.
Таму успеал да побегне само пилотот, кој во последната секунда бил евакуиран и избегнал смрт.
Tokyo Fire Department:
— gdh news (@gdhnews) January 2, 2024
Efforts to extinguish the fire on the plane are ongoing. The evacuation of the aircraft in Japan, which caught fire within minutes with 379 people on board, took only 90 seconds. pic.twitter.com/9uSqc9PxYP