КАКО ХАМАС СЕ ПОДГОТВУВАШЕ 10 ГОДИНИ ЗА ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ ИЗРАЕЛ – “Тие не се како ИСИС, тие користат многу стар метод!“

Исламистичката милитантна група Хамас во изминатата деценија работи на зајакнување на воените капацитети на вооружените сили и подготовка за улични борби во густо населениот Појас Газа. За разлика од израелската Армија, чии војници не учествувале во голема копнена битка од 2014 година, борците на Хамас развија урбан стил на војување за да се спротистават на технолошката и воздушната супериорност на Израел.

Нека спие ѕверот додека ние сме подготвени“, беше мантрата на Махмуд Ајрами, палестински борец кој обучуваше генерации милитанти на Хамас

Координираниот напад извршен од милитантната група на 7. октомври покажува дека тие чекале да го вовлечат Израел во битка во време кое најмногу и одговара. Според израелските одбранбени сили (ИДФ), Хамас значително се зајакнал воено од 2008 година, кога првпат се борел против израелски копнен напад, а сега има 40.000 елитни војници, арсенал беспилотни летала и околу 30.000 ракети.

илустрација / борци на Хамас

Емил Хокајем, директор за регионална безбедност на Меѓународниот институт за стратешки студии во Лондон, истакнува дека Хамас бил обучуван од „најдобрите во она што го прават“, мислејќи на елитната иранска Револуционерна Гарда и либанскиот Хезболах.

Тоа е организација која постојано учи и неколку пати се борела со израелските сили. Хамас исклучително добро го познава својот терен и ќе го брани жестоко и снаодливо“, изјавил Емил Хокајем во анализата за Financial Times.

Израелските власти истакнуваат дека Хезболах споделува ракетна технологија, обука и друга воена опрема и техники со Хамас од 1992 година, кога Израел депортира околу 400 Палестинци, вклучително и лидери на Хамас, во ЛибанБејрут потоа стана дом на неколку лидери на Хамас и со текот на времето Хамас почна да гради воено присуство во Либан. Оттогаш, Хамас постојано го подобрува квалитетот на своето оружје, шверцувајќи компоненти за претворање на „неми“ ракети во софистицирано оружје со прецизно наведување и за изградба на подводен дрон. Според соопштението на Хамас, групата произведува против-воздушни ракети Mutabar 1, чија цел се израелски хеликоптери и против-тенковски ракети al-Yassin, кои наводно можат да навлезат во оклопот на израелските борбени тенкови Merkava.

Во однос на стилот на борба, Емил Хокајем верува дека Хамас повеќе личи на Виет Конг отколку на ИСИСИзраел, всушност, го споредува Хамас со една од најнасилните џихадистички групи во регионот, додека воен аналитичар верува дека палестинските борци се повеќе слични на војниците кои ги поразиле американските сили за време на војната во Виетнам.

илустрација / борци на Хамас

Слично како што направи Јужно виетнамската ослободителна Армија во Виетнам, Хамас го претвори Појасот Газа во тврдина на барикади и замки, вклучително и 400 километри мрежа на тунели во кои борците на Хамас можат да се засолнат за време на неколкумесечните израелски воздушни напади и да ги користат за да ги нападнат израелските сили од задната страна. Како што израелските трупи се движат подлабоко во Појасот Газа, Хамас најверојатно ќе се обиде да користи заседи, брзи напади и камуфлирани бомби за да ја истроши израелската Армија и да ја зацврсти во хаосот на уличните борби.

Хамас нема кодифицирана доктрина. Нејзиниот пристап е главно да им наштети на Израелците што е можно повеќе, користејќи мешавина од хибридни и конвенционални сили. Операциите се исто така многу децентрализирани. Постои еден вид клеточна воена структура, каде што секоја воена ќелија работи независно“, вели Билал И. Сааб, соработник во британската тинк-тенк Chatham House.

илустрација / борец на Хамас во тунелите под Појасот Газа

Пропагандните операции на милитантната група се исто така важна компонента на војувањето. Соборените израелски хеликоптери, уништените тенкови или заробените војници ќе му помогнат на Хамас да создаде слика за наводна воена супериорност. Друга важна лекција што Хамас ја научи од другите милитантни групи е важноста на безбедните комуникации.

Додека Хезболах изгради сопствена мрежа со оптички влакна, Хамас успеа да обезбеди оперативна безбедност со враќање во „камената доба“ и користење жичени телефонски линии, избегнувајќи ги уредите што може да се хакираат. Една од можните причини зошто Израел не можеше да го предвиди нападот на 7. октомври е тоа што ги прислушуваше електронските комуникации, додека Хамас го планирале нападот преку комуникација преку аналоген систем или друг шифриран систем, можеби увезен од Иран, кој му бил непознат на Израел.

војнаИзраелПалестинаПојас ГазаХамас