КАКО ХАМАС УСПЕШНО ГО ПОДГОТВУВАШЕ НАПАДОТ ЦЕЛИ ДВЕ ГОДИНИ – Избегнувајќи компјутери и мобилни телефони, ниту Израел, ниту САД не знаеја што се крие во тунелите под Појасот Газа

Мала група оперативци на Хамас ги планирале ненадејните напади врз Израел веќе две години преку мрежа на жичени телефони вградени во подземните тунели во Појасот Газа.

Телефонските линии во тунелите им овозможувале на оперативците да комуницираат меѓу себе тајно и не може да се следат дури и од израелското разузнавање, според два извори на кои се повикува CNN.

За време на двегодишното планирање, мала група на Хамас што оперирала во тунелите ги користела тие телефонски линии за да ја планира операцијата, но истата ја држеле во тајност додека не дојде време да се активира и повика стотици борци да ги извршат нападите на 7. октомври.

Тие избегнувале да користат компјутери и мобилни телефони за да избегнат откривање од израелските или американските разузнавачи.

Хамас го криеше своето планирање на операцијата користејќи стари контраразузнавачки методи и се обидуваше да не користи дигитални комуникации што би можеле да ги следат Израелците.

САД и Израел беа целосно изненадени од нападите, а стотици екстремисти на Хамас влегоа во јужен Израел преку пробиената гранична ограда и убија најмалку 1.400 луѓе, главно цивили.

CNN разговараше со добро информирани извори, но не гледа докази, а САД и Израел не одговорија на барањата за коментар за извештајот.

Американската телевизиска мрежа претходно објави дека низата стратешки предупредувања од американски и израелски разузнавачи не ги навеле лидерите на двете страни да ги предвидат настаните од 7. октомври.

војнаИзраелПалестинаПојас ГазаХамас