Како Ѓоковиќ успеал му ги разубави затворските денови на Бекер!? Исповед на легендарниот Германец! Прочитајте што се случувало зад решетките

Откако излезе од затвор поради финансиска и даночна измама, Борис Бекер се појавува во медиумите многу поретко отколку пред да влезе од затвор.

Легендарниот Германец внимателно избира за кого ќе зборува и со кого ќе даде интервју, а пет месеци по излегувањето од затвор Бекер зборуваше за угледниот британски „Гардијан“.

Тој се присети на периодот кој го поминал како затвореник, а неизбежно беше да се зборува и за Новак Ѓоковиќ, чиј тренер и беше.

Бекер откри дека имал помош од обезбедувањето бидејќи му било дозволено да го гледа финалето на Вимблдон во кое Ѓоковиќ го победи Ник Киргиос и ја освои својата седма титула на турнирот.

Бев многу емотивен кога тоа се случи.

Познатиот германски тенисер, кој и самиот освои шест Грен слем трофеи, продолжи да зборува за Ѓоковиќ и за она што го чека, а тоа е Ролан Гарос.

„Би било глупаво да го отпишеме. Земјата не му е најдобра подлога, но во последните неколку години успеа да најде форма само за Ролан Гарос. Сè додека е здрав и сака да игра, секогаш ќе биде таков – еден од фаворитите за освојување на Грен Слем“.

Бекер додаде дека српскиот тенисер не ја добива љубовта и почитта што треба да му припаѓаат како играч и како личност.

“Тој е многу отворен, комуникативен човек кој понекогаш изгледа како тениска машина. Но, кога не е на теренот, тој е прилично шармантен. Можете да разговарате со него за бизнис, политика, музика, тој е добро момче. Тој е и вистински херој.Тој разбира кој бил тука пред него и сака да остави свој белег.Тој веќе го направил тоа. Исто така е перфекционист како и сите суперѕвезди и секигаш сака да има совршен натпревар“, заклучува Борис Бекер.