Chat GPT беше лансиран на крајот на минатата година и многу брзо стана главна тема во светот на технологијата. Ја разбуди и вечната дебата дали ВИ станува пребрзо премоќна и како тоа ќе се одрази на човештвото, особено врз одредени работни места.
Chat GPT ботот за разговори со Вештачка интелигенција (ВИ) постигна рекорд, за 5 дена бројот на корисници се искачи на 1 милион, додека на бројни други онлајн сервиси и апликации за истото им беа потребни месеци или години. На пример на Инстаграм кој беше лансиран во 2010 година му беа потребни повеќе од два месеца да стигне до бројка од над 1 милион корисници.
Chat GPT беше лансиран на крајот на минатата година и многу брзо стана главна тема во светот на технологијата. Ја разбуди и вечната дебата дали ВИ станува пребрзо премоќна и како тоа ќе се одрази на човештвото, особено врз одредени работни места.
Што е Chat GPT?
Овој бот е развиен врз база на ГПТ-3 архитектурата за „тренирање“ на вештачка интелигенција која учи од огромен број текстови на интернет и може статистички најпрецизно да одговори на поставените прашања.
Примената на ботот во креирање есеи, песни, раскази, анализи, па дури и магистерски трудови, како и асистенција при создавање софтверски кодови ја „запали“ јавноста. Во краткиот период откако е јавно достапен, со почетната бесплатна верзија се креираа многу тестови за можностите на ботот, а резултатите се навистина импресивни.
Опен АИ, досега непрофитна организација за развој на вештачка интелигенција, која стои зад програмата достигна пазарна вредност од над 20 милијарди долари. Се очекува Мајкрософт да вложи меѓу 1 и 10 милијарди долари во наредниот период. Исто така услугите на Chat GPT ќе бидат интегрирани во интернет пребарувачот Бинг и Офис пакетот на апликации.
Се проценува дека првите приходи на Chat GPT ќе пристигнат во текот на годинава, и ќе изнесуваат околу 200 милиони долари годишно, а веќе во 2024 година ќе достигнат над 1 милијарда долари.
На што се должи ВИ возбудата?
Со лансирањето на ботот, придружен од возбудата која ја предизвикаа и алатките за генерирање слики и дизајни како DALL-E2 на Опен АИ, потоа Midjourney, Lensa и други, интересот на генералната јавност станува се поголем.
Досега во голема мерка вештачката интелигенција беше „затскриена“ зад истражувачки цели или како дел од понудата на нови услуги на стартапи и големите технолошки компании.
Сега, самите корисници може со директниот пристап да учествуваат во унапредување на потенцијалот на ВИ алатките, од генерирање дизајни, логоа, текстови за дигитален маркетинг и проверка на кодови за апликации, па се до создавање нови примени на технологијата кои рапидно испливуваат на површина.
Тоа неминовно ќе води кон комерцијализација на технологијата, па така многу наскоро се очекува Chat GPT да понуди професионална платена верзија која ќе чини околу 40 евра месечно.
TRT Balkan