Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оствари две победи во еден ден на фјучерс турнирот во Монастир и обезбеди пласман во полуфиналето.
Поради лошите временски услови и набиениот распоред, тој мораше двапати да истрча на теренот, а и двата меча се одвиваа маратонски.
Калин Ивановски утрово го победи Италијанецот Андреа Пичоне со 2:1 во сетови, а вечерва беше подобар и од вториот Италијанец Федерико Јанаконе, исто така со 2:1 во сетови (7:5, 2:6, 6:1).
Утре во полуфиналето Ивановски ќе се сретне и со трет Италијанец, Фабрицио Андалоро.