Пејачката Калиопи неодамна на својот Инстаграм профил откри дека за 17 дена успеала да изгуби 10 килограми.
Иако има 56 години, македонската музичка дива може да се пофали со младешки изглед на кој многу жени можат да и позавидат. Покрај тоа, таа за кратко време успеа да ослаби 10 килограми, што дополнително го привлече вниманието на јавноста.
Имено, таа на својата приказна на Инстаграм сподели дека до промената дошла благодарение на диетата за липосукција. Инаку, липосукциската диета е популарна диетална програма со која многу познати личности во регионот успеаја да се ослободат од вишокот килограми.
„Како и секој што ослабе, и јас во моментов се откажав од слатките (освен омиленото чоколадо), лебот и млечните производи. Одолевам на искушението, а откажувањето не ми е тешко, бидејќи одлуката што ја донесов е поважна од сите можни специјалитети.Навиките поврзани со исхраната што ги стекнав додека слабеев сега е мојот нов начин на живот“, истакна Калиопи.
Потсетуваме, Калиопи претходно во медиумите истакна дека е голем гурман, што значи дека подеднакво сака да готви и да јаде, но дека треба да биде умерена во исхраната.