Камала Харис му се нафрли на Трамп! Таа упати сериозни обвинувања, ги спомена и најбогатите Американци! (ФОТО)

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, го искористи својот прв голем говор откако ја напушти функцијата за остро да го критикува претседателот Доналд Трамп.

Таа се одлучи за таков потег поради шпекулациите дали повторно ќе се кандидира за претседател или ќе се кандидира за гувернер на Калифорнија.

Во нејзиното најголемо јавно појавување откако ја напушти Белата куќа во јануари, по поразот од Трамп, Харис рече дека е инспирирана од Американците кои се спротивставуваат на агендата на Трамп, и покрај заканите за нивната слобода или егзистенција.

„Наместо администрација која работи на постигнување на највисоките американски идеали, ние сме сведоци на нивно целосно напуштање и предавство“, рече Харис еден ден откако Трамп одбележа 100 дена од неговиот втор мандат.

До тој говор, Харис едвај го спомена Трамп по име откако му призна пораз минатиот ноември.

„Не е само стравот заразен, туку и храброста“

Во 15-минутниот говор, таа се осврна на маката и збунетоста што ги чувствуваат многу нејзини поддржувачи откако Трамп ја презеде функцијата, но повика на отпор наместо на очај. 

„Тие сметаат на фактот дека ако успеат да ги исплашат некои луѓе, тоа ќе има обесхрабрувачки ефект врз другите. Но, она што го превиделе е дека не е само стравот заразен“, рече Харис. 

„Храброста е исто така заразна.“

Ден претходно, Трамп го нападна Харис на предизборен собир, кој ги одбележа првите 100 дена од неговиот мандат. Тој саркастично ја нарече „одлична гранична стража“ и „одлична кандидатка“ и повтори некои од неговите најчести слогани од кампањата.

Трамп, исто така, рече дека „не знаел ништо за неа“ сè додека таа не го замени Џо Бајден на врвот на демократската претседателска номинација минатото лето.

Харис ги предупреди Американците да не ја гледаат администрацијата на Трамп како хаос и неред, туку како „планиран процес“, кулминација на долгогодишните напори на американската десница за преобликување на владата.

„Во моментов тие брзо спроведуваат агенда која се подготвуваше со децении”, рече Харис. 
„Агенда што вклучува намалување на инвестициите во јавното образование. Агенда што сака да ја намали улогата на владата и да ги приватизира нејзините услуги. Сето ова, а истовремено да им дава даночни олеснувања на најбогатите.“