Камала Харис собра 200 милиони долари за кампањата за една недела

Американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од кампањата за реизбор на 21 јули по зголемениот притисок од неговата Демократска партија поради неговата влошена когнитивна состојба

Седиштето на изборната кампања на американскиот потпретседател Камала Харис денес соопшти дека кампањата собрала 200 милиони долари и регистрирала 170.000 нови волонтери во текот на минатата недела.

Американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од кампањата за реизбор на 21 јули по зголемениот притисок од неговата Демократска партија поради неговата влошена когнитивна состојба.

Тој ја поддржа Харис како демократска кандидатка на претседателските избори во ноември, каде што таа ќе се соочи со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Според новите правила, усвоени од Демократскиот национален комитет, претседателскиот кандидат ќе биде избран на 1 август, а потоа официјалниот кандидат има рок до 7 август да го номинира својот потпретседател, објави Ројтерс.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември.