Камерата го сними масакрот на руската плажа: Проектил експлодираше во воздух, куршумите ,,косеа” сè пред него, грозоморна сцена (видео)

Видеонадзорната камера на плажата Учкуевка го сними моментот кога Вооружените сили на Украина во неделата истрелаа ракети кон Севастопол!

На видеото се гледаат фрагменти од американска балистичка ракета MGM-140 ATACMS со касетна муниција како паѓаат во водата и на плажата околу 12:15 часот додека туристите трчаат и се обидуваат да најдат покритие.

На снимката од камерите од едно кафуле може да се види дека многумина втрчаа во објектот обидувајќи се да се сокријат од шрапнелите. Може да се слушне и застрашувачки звук од експлозии на касетна муниција, по што многумина лежеа на подот и под масите.

Според последните информации, во нападот загинале четири лица, а повеќе од 150 се повредени. Меѓу повредените има и 27 деца.

На местото на гранатирањето на градската плажа, која е затворена за капачите, може да се видат дебели штици од клупи и ѕидови од тули прободени од куршуми. Локалните медиуми јавуваат дека судејќи по трагите од крв, многу туристи се обиделе да се засолнат зад зградите на плажата. Некои беа фатени во гранатирање на кабини за пресоблекување, чии ѕидови исто така беа обележани со дупки од куршуми.

Дупките се со пречник од околу три милиметри, додека куршумите, судејќи по карактеристичните траги, веројатно имале зашилена форма.

Украина, наводно, истрелала пет американски оперативно-тактички ATACMS ракети опремени со касетни боеви глави кон Севастопол. Руската воздушна одбрана пресретна четири проектили, додека експлозијата на фрагментирана боева глава на петтата американска ракета во воздух доведе до бројни жртви меѓу цивилите на плажата.

Москва директно ги обвини САД за нападот.

– Сите параметри за летовите на американските оперативно-тактички ракети ATACMS ги внесуваат американските специјалисти врз основа на податоците добиени од американските сателитски извидувања. Одговорноста за намерниот ракетен напад врз цивили во Севастопол е пред се на Вашингтон, кој ја снабдува Украина со тие ракети и на режимот во Киев од чија територија е извршен нападот – соопшти Министерството за одбрана на Русија.