Пејачката Камила Кабело беше фотографирана на трката Формула Е Е-При што се одржа во Монако. Таа беше придружувана од либанскиот бизнисмен Хенри Џуниор Чалхуб, со кого наводно е во врска подолго време.
Имено, камерите го фатија парот како оди држејќи се за раце, а во еден момент дури и се бакнаа. Многумина веруваат дека овој бакнеж бил потврда за нивната врска.
За потсетување, веќе некое време се шпекулира за врската на Камила и Хенри. Сè започна во август 2024 година, кога пејачката беше видена како се забавува на Ибица со Хенри. Во тоа време, британскиот „Дејли меил“ напиша дека Камила и Хенри го поминуваат одморот заедно.
Исто така, во ноември минатата година, тие беа видени на забава по модната ревија на „Ели Сааб“, каде што, според сведоците, изгледале неразделни. Профилот на обожавател на Камила на социјалната мрежа X во декември објави дека пејачката престојува со Хенри во главниот град на Саудиска Арабија – Ријад.
Не се знае многу за Хенри Џуниор Чалхуб. Неговото семејство е сопственик на групацијата „Чалхуб“, компанија која, според информациите од нивната официјална веб-страница, соработува со модни брендови како што се Џими Чу, Версаче, Том Форд и други.
Исто така, групацијата „Чалхуб“ е еден од најголемите дистрибутери на луксузни стоки на Блискиот Исток. Сестрата на Хенри, Сураја Чалхуб, е успешна модна дизајнерка со сопствен бренд кој го носи нејзиното име.