Холандската Агенција за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка (NVWA) објави дека канабис е пронајден во килограмски кесички бомбони Хариб „Happy Cola F!ZZ“ (Happy Cola F!ZZ), поради што производот е повлечен од продажба низ целата земја.
Откритието следеше по извештаите дека неколку членови на едно семејство се разболеле откако го изеле производот, објави денес „NL Times“.
Контаминацијата била откриена откако семејството ги пријавило симптомите во полиција, поради што NVWA земала примероци од бомбоните, кои биле позитивни на тестот за канабис.
Точната причина за контаминацијата со канабис е непозната, а истрагата за овој инцидент е во тек.
„Ситуацијата оди подалеку од едноставни здравствени проблеми. Веднаш контактиравме со компанијата Харибо, која издаде безбедносно предупредување“, изјави портпаролот на NVWA за „Харт ван Недерланд“.
Досега се идентификувани само три кеси со бомбони контаминирани со канабис, но „Харибо“ ја повлекува целата серија како мерка на претпазливост.
„Харибо“ ги предупреди потрошувачите да не ги земаат кесичките од 1.000 грама „Happy Cola F!ZZ“ со код на производ L341-4002307906 и рок на траење јануари 2026 година.
Компанијата ги повика клиентите да ги испраќаат производите директно до Харибу за враќање на парите, наместо да го враќаат производот во продавниците.