Канада: Повторно се разгореа пожари во Едмонтон, активни 449

Во Канада  повторно се разгореа пожари во близина на Едмонтон, главниот град на западната провинција Алберта.

Во Квебек на истокот на земјата, пожарникарите изгаснаа некои од најголемите пожари, дозволувајќи им на илјадници евакуирани да се вратат дома. Околу 4,8 милиони хектари се погодени од пожари во Канада.

Во Канада денеска активни се околу 449 пожари, вклучително и 219 што се надвор од контрола, соопшти канадскиот меѓуагенциски центар за шумски пожари.