Канадската полиција употреби дрон опремен со IR камера за да пронајде исчезнато лице кое боледува од деменција.
Станува збор за лице кое на 29 јули исчезнало од болница во градот Делта во Британска Колумбија, а по пријавувањето на исчезнувањето во полиција, добиена е пријава дека е забележана во паркот Дугалд Морисон. Но, по пристигнувањето во паркот, полициските службеници не пронашле лице и решиле да преземат други мерки, поточно подигнале дрон опремен со IR камера и осветлување.
Дронот се покажа како исклучително ефикасен во пребарувањето на фарми и области кои се премногу големи за полицајците да ги пребаруваат пешки. Дронот ја забележал топлината и им овозможил на полицајците прецизно да ја утврдат локацијата на исчезнатото лице во грмушките. Идентитетот на лицето е утврден со помош на рефлектор и камера со функција за зумирање.
Дроновите имаат различни апликации, но оние што се опремени со IR технологија се особено корисни во пребарувањата.