Независниот кандидат за претседател на САД, Роберт Кенеди Џуниор. имаше мозочен паразит пред повеќе од една деценија, но оттогаш се опорави.
„Кенеди патувал неколку пати во Африка, Јужна Америка и Азија како еколошки активист и токму на едно од тие места го добил паразитот“, изјавила портпаролката на кампањата Стефани Спир.
„Проблемот е решен пред повеќе од десет години и тој е во добра физичка и психичка состојба“, додаде таа, пренесува CNN .
„Тајмс“ објави дека докторот на Кенеди потврдил абнормалност по скенирањето на мозокот „предизвикано од црв кој влегол во него, изел дел од него и потоа умрел“.
Тајмс до оваа информација дојде благодарение на документите од разводот меѓу Кенеди и неговата втора сопруга Мери Ричардсон Кенеди. Претседателскиот кандидат со овој податок се обиде да докаже дека можноста за заработка е намалена поради когнитивни проблеми.
Мери Ричардсон Кенеди се самоуби во 2021 година додека таа и Кенеди се караа за старателството над нивните четири деца.
Кенеди, внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Анкетите покажуваат дека тој би можел да добие осум отсто од гласовите.