Канцеларот на Германија, Олаф Шолц, рече дека расизмот е „реалност“ во неговата земја, а ова го порача по повод 1 јули, датум кој се одбележува како Ден на борбата против антимуслиманскиот расизам.
„За жал, расизмот е реалност во нашата земја. Реалност која мораме заедно да ја надминеме“, напиша Шолц на социјалната мрежа Твитер по повод годишнината од смртта на жителката на Дрезден, Марве ел-Шербини, која во текот на судската постапка ја претепа маж кого го обвини за антимуслиманско злосторство од омраза над неа во 2009 година.
Шолц порача и дека во општеството не смее да има место за расистичка, антисемитска или антимуслиманска омраза.
Родена Египќанка, 31-годишната Шербини е убиена во текот на жалбената расправа пред својот тригодишен син и сопруг.
Шербини беше на смрт избодена со нож од Алекс Виенсан, етнички германски имигрант од Русија против кого убиената имала поднесено жалба за вербално насилство.
Се наведува дека сторителот првично вербално ја нападнал жртвата бидејќи носела шамија.