Контроверзниот пар Канје Вест и Бјанка Ченсори не престануваат да предизвикуваат скандали и да привлекуваат внимание од јавноста.
Овој пат, Канје Вест и Бјанка ја подигнаа „играта“ на ново ниво. Имено, во странските медиуми се појави веста дека контроверзниот пар наводно се сместил во луксузната ментална институција „The Balance Rehab“ во Мајорка, Шпанија.
Според порталот „Радар онлајн“, двојката аплицирала во клиниката на 17 јуни, а за еднонеделен престој треба да платат 170.000 долари.
„Нашите луксузни установи за ментално здравје и третман на зависност се дизајнирани како безбедно засолниште каде што можете да најдете закрепнување, мир, одмор и среќа. Нашиот квалификуван тим од лекари, психијатри и холистички терапевти е тука за да ви обезбеди уникатно и исклучително искуство. Нашите луксузни центри за рехабилитација ви нудат повеќе од само третман – ние ве поддржуваме на вашиот пат кон повторно откривање на сопствената душа и достигнување на вашата најдобра верзија од себе“, се наведува на веб-страницата на клиниката.
Причината за престојот на двојката во клиниката може да биде поврзана со тужба за неправедно отпуштање од работа поднесена против Канје од поранешниот вработен Бенџамин Прово.
Според „РадарОнлајн“, судските документи потврдуваат дека Вест бил во клиниката во последните неколку дена, што фрла светлина врз неговото повлекување од јавноста.