Раперот Канје Вест (Кание Вест) е под истрага поради инцидентот што го предизвика вчера на улица. Сето тоа го снимила една жена.
Портпаролот на Канцеларијата на шерифот на округот Вентура потврди, а пренесува „US Magazine“, дека раперот е под истрага под обвинение за предизвикување сериозна повреда.
Наводно, властите дошле до видео на кое се гледа дека Вест се скарал со жена и очигледно и го зел мобилниот телефон од рака. Се гледа како раперот со автомобил и’ приоѓа на жената додека била на семафор.
Канје излегува од автомобилот за да разговара со неа. Таа го држеше мобилниот телефон додека го снима раперот одблиску додека тој викаше:
– Престани со снимање!
Тогаш жената рече:
– Знам, но Канје, ти си славна личност… – но пред да ја заврши реченицата, раперот и го грабна мобилниот телефон од раце и го фрли на земја.
Вест потоа се вратил во своето возило каде го чекала сопругата Бјанка Ценсори, пренесуваат светските медиуми. Раперот заминал пред да пристигне полицијата, а се очекува понатамошна истрага, објаснила портпаролката.
Инцидентот се случил во Калифорнија, во близина на објектот каде најстарата ќерка на Канје, Норт, требало да игра кошаркарски натпревар.
Ким Кардашијан се појави со нивниот син во друштво на Тристан Томпсон