СДСМ секојдневно е рамо до рамо со граѓаните, со народот. Денеска во Ново Село, во рамки на интензивните теренски активности на партијата беа генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулески.
Како државничка и одговорна партија, предводник на концептот за Европска Македонија ги повикуваме сите општествени чинители и политички партии, да се обединиме, да го продолжиме вистинскиот пат, со глас за Европа во македонското Собрание, порача на маалска средба, рамо до рамо со жителите на Ново Село, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.
Во овие важни, би рекол историски моменти, мора да разбереме дека нашиот колективен глас има огромна моќ кога е во прашање иднината на нашиот народ и на сите граѓани, додаде Зечевиќ.
– Мораме да разбереме и да запомниме дека нашиот колективен глас има огромна моќ за иднината на нашиот народ, на сите граѓани. ЕУ е национален интерес не само заради севкупен напредок на државата. Членството во ЕУ го бетонира, го обезбедува македонскиот идентитет, сигурноста на земјата и го зголемува нејзиното влијание на меѓународна сцена. Глобално не позиционира на мапата на влијателни светски држави. Глас за Европа денеска значи глас во самата ЕУ утре, рамноправни, рамо до рамо со земјите членки на Унијата, со големите државотворни народи. Во секој процес на донесување одлуки на ЕУ да бидеме вклучени, рамноправно. Да ги браниме и европските вредности ама и македонските национални интереси седнати на големата маса во Брисел. Тоа современ патриотизам. СДСМ е и ќе биде движечката сила зад напредокот на македонската држава, но повикувам на разум и ставање на државните интереси на прво место од страна на сите политички субјекти, и на ВМРО-ДПМНЕ. Да се обединиме за европска иднина, рече Зечевиќ.
Освен политичка стабилност, безбедност и сигурна иднина членството во ЕУ значи и севкупно унапредување на животниот стандард, додаде Зечевиќ.

Претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, пред жителите на Ново Село посочи дека СДСМ реализира бројни капитални инфраструктурни проекти.
– СДСМ инвестира во развој на патната инфраструктура низ целата држава. Пример за тоа е и обновата на патот Струмица-Ново Село но и експресниот пат кон Штип, рече Трајчулески.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.