Карванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ во Прилеп, Долнени, Битола, Крива Паланка

– Карванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска на терен со граѓаните во Прилеп,  Долнени, Битола и Крива Паланка.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски заедно Благојче Трпевски беше во посета на Крива Паланка.

-Оваа година воведовме нов систем на субвенционирање. За прв пат субвенциите ги исплаќаме авансно за парите да ги добијат тогаш кога им е најпотребно. Само кон тутунарите оваа година исплативме 26 милиони евра, исплатата на субвенциите кон другите категории земјоделци ќе се одвива согласно предвидениот план, посочи Бачовски.

Во Битола беа Наумче Мојсовски и Виктор Велевски пред граѓаните посочија дека СДСМ го подигна младинскиот и студентски стандард преку реални мерки и политики што ја намалуваат младинската невработеност и отвораат повеќе можности за младите.

Караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска беше во општина Прилеп каде членката на ИО на СДСМ Ивона Кузмановиќ и Благој Бочварски разговараа со граѓаните околу најголемиот проект во инфраструктурата – изградбата на делниците од коридорите 8 и 10 Д.

– Изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д е најголем проект во инфраструктурата. Со тоа, конечно ќе добиеме автопатско решенија за правецот Прилеп – Битола, ако на тоа се додаде и експресниот пат Градско – Прилеп граѓаните, компаниите од Прилеп, ќе бидат подобро поврзани и со Грција и со главниот град. Со предлог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проекти, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д, порача Бочварски.

Во Долнени беше Борче Хаџиев, кој пред присутните истакна дека СДСМ преку своите одговорни политики обезбеди 26 милиони евра субвенции за тутунарите и рекордна откупна цена на тутунот.