Кардашијан позираше во танга: Еве зошто сите се убедени дека повторно направила пластични операции (фото)

Иако најпрво важеше за најодмерена членка на семејството Кардашијан, Кендал Џенер со текот на времето го промени имиџот, а со тоа и стилот на облекување, кој станува сè попровокативен, но не помалку успешен, се согласуваат и модните експерти, па оваа манекенка е една од 15-те најдобро облечени светски ѕвезди во 2023 година според Vogue. Но, не само што нејзиниот имиџ беше изложен на промени, се менуваше и нејзиниот изглед и се чини дека оваа трансформација не е завршена.

Кендал Џенер неодамна на Инстаграм објави серија многу провокативни слики во танга костим за капење. Провокативните модели за на плажа отсекогаш и’ биле меѓу омилените, а костимите за капење кои ги носи се речиси невидливи – за изработка бараат минимум ткаенина.

Манекенката носеше вакви модели и пред да се сврти кон попровокативен стил, доказ за тоа е серијата селфи од Инстаграм, според кои Кендал е меѓу најпровокативните ѕвезди.

На нејзините социјални профили може да се забележат најпредизвикувачките слики кои често ја засенуваат Ким Кардашијан, која е сериозна конкурентка на тоа поле.

Овојпат Кендал го покрена прашањето дали имала операција за зголемување на задникот бидејќи нејзините облини се видно поголеми, додека разликата е неверојатна во однос на сликите од пред осум години.

Џенер дефинитивно не спаѓа во групата на природни убавици како што покажуваат нејзините слики од периодот пред славата, па за овој изглед е заслужна или пластична хирургија или можеби тренинг или едноставно фотошоп.