Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Кардиологот Тара Нарула тврди дека кардиоваскуларните болести убиваат повеќе жени отколку сите облици на рак заедно, но многу жени сè уште не се свесни дека овие болести се нивната најголема закана за здравјето.
„Речиси 45 отсто од жените на возраст над 20 години живеат со некоја форма на кардиоваскуларни болести. Особено за жените, одредени здравствени обрасци кои започнуваат уште во детството може да доведат или да предвидат развој на одредени срцеви заболувања во иднина. На пример , добивањето на вашата прва менструација на десетгодишна возраст или порано го зголемува ризикот од проблеми со срцето, како што се прееклампсија и гестациски дијабетес, исто така може да бидат предупредувачки знаци“, изјави таа за Today.
Таа посочува дека грижата за здравјето на срцето можеби изгледа напорна, но е многу важна. Така таа издвои пет работи за кои не може да се преговара кога е во прашање здравјето на срцето. Иако таа конкретно ја истакна важноста на грижата за здравјето на срцето на жените, таа ги советува сите никогаш да не ги прават следните пет работи:
- Игнорирање на болка или непријатност
- Верувањето дека сме имуни на срцеви заболувања
- Занемарување на управувањето со стресот или менталното здравје
- Непознавање на семејната медицинска историја
- Нередовно спиење.