Кога станува збор за ризикот од срцеви заболувања, постојат некои фактори на кои не можеме да влијаеме, како што се генетиката или возраста. Но, имаме поголема контрола врз она што го консумираме и внесуваме во нашето тело. Познато е дека јаткастите плодови се многу здрави и треба често да се јадат, а кардиологот д-р Кевин Раби откри кое јаткасто овошје треба да го јадете речиси секојдневно за здравјето на срцето.
„Храната што ја јадеме може да влијае на развојот на неколку фактори на ризик за срцеви заболувања, вклучувајќи висок крвен притисок, холестерол и дијабетес. Со разбирање која храна ќе ни донесе најмногу корист и ќе предизвика најмалку штета, можеме да го задржиме нашиот кардиоваскуларен систем во најдобрата можна форма“, коментира кардиологот за People.
Кардиолог редовно консумира јаткасти плодови
Јаткастите плодови содржат добри масти кои можат да го заштитат кардиоваскуларниот систем.
,,Не сите масти се создадени еднакви. Јаткастите плодови имаат повисоки нивоа на незаситени масни киселини кои можат да имаат заштитни ефекти врз нашиот кардиоваскуларен систем и пониски нивоа на лош холестерол“, тврди д-р Рабии.
Јаткастите плодови кои кардиолог сака да ги јаде за здравјето на срцето се бадемите кои секогаш ги има при рака.
„Уживам во бадемите затоа што се лесна, здрава и вкусна закуска. Се трудам да чувам мала чинија бадеми во автомобилот или на работа кога сум гладен. Тие не треба да се подготвуваат и можат да ве спречат од изборот на нездрави грицки“, посочува тој.
За тоа зошто најмногу јаде бадеми, докторот објаснува:
,,Постојат многу јаткасти плодови кои се здрави за срцето, но бадемите се сметаат за еден од подобрите избори. Тие се богати со протеини, здрави масти и други хранливи материи, вклучувајќи го и витамините Е и Б, магнезиум и калциум“.