Кардиоваскуларното здравје е критично за целокупната благосостојба, а исхраната игра значајна улога во поддршката на здравото срце. Есента носи разновидна сезонска храна богата со хранливи материи кои можат да го промовираат здравјето на срцето, како што се јаболка, тикви и лиснат зеленчук. Сепак, некои популарни јадења и деликатеси од есенската кујна можат негативно да се одразат на срцето. Овие намирници често се богати со заситени масти, шеќери и рафинирани јаглехидрати.
Кардиологот др. Кристофер Ван Нгуен предупреди за две од најштетните есенски намирници кои можат да ги затнат артериите и да го загрозат здравјето на срцето.
1. Слатки пити
Питите, особено традиционалните верзии со повисоко маснотии, може да имаат негативен ефект врз кардиоваскуларното здравје доколку често се консумираат. Повеќето пити се прават со путер, маст или маргарин, кои се богати со заситени масти. Многу готови верзии содржат делумно хидрогенизирани масла, кои содржат транс масти.
„Слатките пити често содржат транс масти и заситени масти кои можат да го подигнат ЛДЛ холестеролот, познат како „лош“ холестерол. Овие нездрави масти, заедно со рафинираните шеќери и белото брашно, можат да придонесат за создавање наслаги во артериите, ограничувајќи го протокот на крв и зголемување на ризикот од срцеви заболувања“, објаснува др. Ван Нгуен за SheFinds.
Таа препорачува правење домашни пити со поздрави опции, како што се цели зрна, овес или бадеми. Таквите опции се богати со влакна и содржат масти здрави за срцето.
2. Сезонски топли пијалоци
Есенските омилени – кафе со вкус на лешник или бадем, лате со карамела и лате со вкус на тиква – би можеле да го оштетат срцето отколку што мислиме. Овие вкусни пијалоци често содржат големи количини на додаден шеќер, што може да предизвика скок на шеќерот во крвта и воспаление во крвните садови.
„Овие пијалоци се богати со шеќер и нездрави масти, што може да доведе до зголемување на телесната тежина, отпорност на инсулин и зголемување на лошиот холестерол, а сето тоа се фактори на ризик за кардиоваскуларни болести“, посочува др. Ван Нгујен.
Уживањето во овие пијалоци понекогаш е во ред, но намалувањето на шеќерот, избегнувањето шлаг или изборот на помала големина може да ни помогне да уживаме во есенските вкусови без да го загрозиме здравјето на нашето срце.