КАРДИОЛОЗИТЕ ОТКРИЛЕ КОЕ ОВОШЈЕ ГО ЈАДАТ СЕКОЈ ДЕН ЗА ДА ГО ЗАЈАКНАТ СРЦЕТО: Го намалува ризикот од дијабетес и холестерол

Редовното консумирање овошје и зеленчук е поврзано со намален ризик од болести.

Боровинки

„Боровинките имаат особено висока содржина на антиоксиданси и влакна. Покрај тоа што се здрави за цревата, влакната се клучни и за здравјето на срцето бидејќи помагаат да се одржи холестеролот на здраво ниво и да се спречи зголемувањето на крвниот притисок“, вели кардиологот Џој Гелбман.

Јаболка

Тие содржат полифеноли и флавоноиди кои имаат важни антиоксидантни својства. Јаболката се исто така добар извор на влакна, витамин Ц и калиум, од кои сите се добри за кардиоваскуларното здравје. Јаболката имаат низок гликемиски индекс, па помагаат во намалување на ризикот од дијабетес и холестерол, што пак го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести“, објасни докторката за „Превенција“.

Банани

„Бананите се добар извор на диетални влакна, витамин Ц, витамин Б6, калиум, магнезиум и антиоксиданси. Овие хранливи материи не само што го поддржуваат срцето, туку му помагаат и на телото на други начини. Диететските влакна го помагаат варењето, витаминот Ц го зајакнува имунитетот и витаминот Б6 е важен за развојот на мозокот и нервите“, нагласува докторката.