Карди Би откри дека ги одгледува трите деца што ги има со поранешниот сопруг Офсет сосема сама.
Таа го обвини својот поранешен сопруг дека не е доволно финансиски вклучен во нивните животи.
„Сакате да знаете колку се трошоците за децата? Почнете да собирате. Моите деца имаат свој возач. Неговите услуги ме чинат 10.000 долари месечно“, рече таа.
Карди поднесе барање за развод во јули минатата година, а сега тврди дека Офсет дури и не учествува во плаќањето на образованието на нивната ќерка Калчер во приватно училиште, за што издвојува околу 45.000 долари годишно.
„Калчер и Вејв имаат настава четири пати неделно. Калчер, исто така, има часови по пијано – чини 300 долари на час, три пати неделно. Не сум сигурна колку чини гимнастиката и тренингот за бокс на Вејв, но јас плаќам и за тоа“, рече Карди.
Таа дополнително тврди дека ова е само дел од вкупните трошоци.
„Мој роднина ги надгледува Калчер и Вејв. Ѝ плаќам 3.000 долари неделно“, откри таа.
Најмладата ќерка, Блосом, има посебна дадилка, која добива 500 долари за секоја смена.
„Ова дури ни храна не ја вклучува. Моите деца имаат личен готвач кој доаѓа од 7 часот наутро до 5 часот попладне. Јас плаќам за тоа бидејќи никој во куќата нема време да готви“, тврди таа.
Покрај дневните трошоци, Карди тврди дека сама ги покрива сите трошоци за домување и плаќа за 24-часовно обезбедување пред куќата поради заканите што семејството ги добивало во минатото.
„Работев напорно за сето ова“, изјави таа.
„Офсет. Ми ги остави сите сметки за децата.“
Карди одлучи јавно да одговори откако Офсет поднесе барање за брачна издршка во барањето за развод, а потоа проговори за тоа пред медиумите.
Поради ова, вели Карди, таа изгледала како „мајка на која не ѝ е гајле за своите деца“.
„Белкалис Марленис Алманзар плаќа повеќе од 50.000 долари месечно само за децата“, рекла таа, нарекувајќи се себеси со нејзиното вистинско име.
„Јас ги плаќам тие сметки. Немам помош“, заклучи таа.