Познатиот француски фудбалер Карим Бензема предизвика бурни реакции со својата објава на социјалната мрежа Х (Твитер).
Искусниот ас на Ал Итихад ги коментираше ужасните судири предизвикани од нападот на Хамас врз Израел и шокираше многумина. Тој испрати порака за поддршка до жителите на Појасот Газа и посочи дека тие се жртви на неоправдано бомбардирање.
„Нашите молитви се со жителите на Појасот Газа, кои повторно се жртви на неоправдано бомбардирање во кое не беа поштедени ниту жени ниту деца“, напиша поранешниот играч на Реал Мадрид.
Неговата отворена поддршка за Палестинците налути многумина. Поранешниот израелски голман Дуду Ауате ја сподели објавата на Карим Бензема и брутално го навреди Французинот на пет јазици (француски, англиски, хебрејски, арапски и шпански):
„Кучкин сине“, напиша револтираниот Дуду Ауате.