Поп дивата Јелена Карлеуша откри дека е во преговори за снимање филм за себе и нејзиниот живот и откри кој ќе ја глуми.
По хаосот што го направи во еден трговски центар, како и лавината коментари што ги предизвика на мрежите поради откажаниот концерт во Подгорица, ЈК објави дека е во преговори да сними филм за себе.
– Ќе ти кажам една ексклузивна. Во преговори сум да се играм себеси во филмот – објави Јелена за „Информер“.
Таа потоа откри кој ќе ја глуми.
– Многу активно зборувам за тоа, јас и еден од нашите многу познати актери би ги добиле главните улоги. Ќе играм сама – изјави Карлеуша.
Да потсетиме, Јелена Карлеуша го откажа концертот кој беше закажан за 9 мај во главниот град на Црна Гора.
Таа најави дека во нејзиниот настап се мешала политиката и дека била принудена на тој чекор поради низата закани што ги добила поради најавата за односите на земјите од регионот со Србија.