Како бомба некогаш одекна веста дека пејачката Оља Карлеуша поради белодробна емболија завршила на пулмологија.
По 20 дена поминати во болница, пејачката успешно се опорави, а сега како гостин во емисијата „Пулс на Србија“, чиј еден од водители е Иван Гајиќ откри како и’ поминало закрепнувањето.
– Се подобрува. Ја имав несреќата да не знаев дека имам тромб во ногата што пукна и предизвика белодробна емболија. Бев врзана за кревет во болница околу 20 дена, но сето тоа е зад мене. Луѓе, прочитајте ги знаците што ви ги испраќа телото – рекла Карлеуша.
На прашањето на Иван Гајиќ какви симптоми чувствува, Карлеуша рече дека имала силни болки само во потколеницата на ногата.
– Имав болки во потколеницата, мислев дека сум истегнал некој лигамент или тетива. Таа болка беше многу продуктивна и силна. Доплер покажа дека немам тромб, но после неколку дена се покажа дека има тромб и дека два тромба се откачиле и отишле кај што не треба. Луѓето го нарекуваат инфаркт на белите дробови, но всушност тоа е емболија. Воопшто не е безопасна работа – изјавила пејачката.