Откажани се концертите на Јелена Карлеуша и Аци Лукас во Хрватска, кои беа закажани за 10 ноември годинава.
Поп-ѕвездата и фолк пејачот требаше да настапат во Спортската сала во Славонски Брод, но организаторите преку Инстаграм ја информираа јавноста дека концертите ќе бидат откажани.
„Им се извинуваме на сите луѓе за настанатата ситуација. Принудени сме да го откажеме концертот од технички причини. Сите што купиле билети ве молиме контактирајте го барот Сохо или преку Ивентс“, напишаа организаторите.
Во последните месеци масовно беа откажани концертите на српските пејачки во Хрватска, а последен пат тоа и’ се случи на Јелена Карлеуша на островот Барбаринац во јули годинава.