Карлеуша му се обрати директно на Зверев по неговите зборови за Новак Ѓоковиќ: Каков човек… (фото)

Германскиот тенисер Александар Зверев ја заслужи огромната почит кај српските навивачи поради гестикулациите кои ги направи по примопредавањето на Новак Ѓоковиќ, а сега му се обрати и Јелена Карлеуша.

Имено, Ѓоковиќ не можеше да се справи со повредата на бутниот мускул, па го предаде мечот откако го загуби првиот сет во тајбрејкот.

Зверев по натпреварот имаше големи и многу емотивни зборови за Новак по натпреварот, а на тоа реагираше Јелена.

Под една објава Јелена му порача на Зверев:

– Каков човек! Благодарам брат – му напиша Јелена, очигледно воодушевена од зборовите кои му ги упати на Новак.

Да потсетиме, Зверев апелираше до безобразната публика да не го исвиркува Новак по предавањето, а потоа на прес-конференцијата имаше големи зборови за својот ривал.

– Вака не сакав да стигнам до финалето на Грен слем… Огромна почит за Новак Ѓоковиќ, еден од најголемите спортисти на сите времиња. Оздравете наскоро. Се гледаме сите во недела – рече Зверев и уште еднаш ја покажа класата.