Јелена Карлеуша денеска, 17 август, наполни 45 години.
Пејачката не го започнала роденденот со прослава, туку го посетила гробот на нејзината мајка Дивна Карлеуша.
Поп-ѕвездата уште еднаш покажа колку и’ недостига мајка си, особено на некои важни датуми во животот, како на пример денот кога ја родила.
Јелена го слика споменик на кој остави свежи лилјани и рози, меѓу кои и 3 бели ангели.