Јелена Карлеуша важи за една од најголемите ѕвезди на нашите простори. Таа е многу активна на својот Инстаграм профил, па нејзините следбеници имаат можност речиси секојдневно да ги гледаат нејзините предизвикувачки и напорни креации, како и разни анегдоти од нејзиниот живот.
Овој пат таа со своите фанови го сподели својот став во врска со нападот врз неа за поддршка на актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ.
Популарната ЈК меѓу другото напиша дека не застанува на страната на власта заради заработка, бидејќи во кариерата заработила повеќе од доволно, а претходно одбивала да соработува со тајкуни и финансиски моќници.
Нејзината објава ја пренесуваме во целост: