Карлеуша открива детали за разводот: „Сакав да му се одмаздам на Душко, а завршив со чудовиште“

Јелена Карлеуша неодамна гостуваше во еден македонски подкаст, каде искрено проговори за својот развод од фудбалерот Душко Тошиќ, како и за контроверзната афера со Оѓњен Врањеш, кој го нарече „чудовиште“. Поп ѕвездата откри шокантни детали од својата борба со притисоците во бракот и обидите да го спаси семејството, како и неуспешната одмазда која резултираше со скандал.

Јелена моментално престојува во Македонија, каде на 19 октомври ќе одржи голем концерт во Скопје. Во интервјуто на подкастот, таа раскажа за разочарувањето од бракот со Душко и обидите да го зачува семејството:

„Мислам дека направив сè што е можно да го спасам нашиот брак од 17 години, но Душко постојано го докажуваше спротивното. Јас се борев да не се распадне, а тој беше оној кој сакаше развод. Не можеше да се носи со притисокот од медиумите. Ако сакаше да сме во добри односи, требаше да се бори за мене додека бевме заедно,“ рече Карлеуша.


Таа продолжи со објаснување за причините што ја довеле до аферата со Врањеш. „Жена изневерува кога е несреќна и не добива љубов и почитување. Сакав да му се одмаздам на Душко за моето незадоволство, но тој човек што го избрав да му се одмаздам, испадна чудовиште. Без мое знаење, ме снимаше преку „Фејстајм“ и потоа ме уценуваше. Јас одбив да се покорам, и тој ги испрати тие материјали до медиумите.“

Најтрагично од сè, според неа, е што овој скандал се случувал додека нејзината мајка умирала. „Последното што го виде мојата мајка беа тие слики, и потоа почина,“ со солзи раскажа поп ѕвездата.

И покрај сите тешкотии, Карлеуша сега е во нова емотивна врска, но јасно стави до знаење дека не е со популарниот Бака Прасe. „Да, заљубена сум, но не во Бака. Тој е фин дечко, но сигурно ќе се смири со својата девојка,“ додаде таа низ смеа.

Карлеуша и понатаму ги шокира јавноста со својата отвореност, но и покажува дека е подготвена да продолжи напред, без оглед на болките од минатото.