Јелена Карлеуша, по мали пречки во врска со нејзиниот Инстаграм профил, кој го следат неколку милиони луѓе, објави дека отвора профил на платформата OnlyFans.
Оваа вест одекна како бомба, и веднаш стана водечка тема кога станува збор за балканскиот шоубизнис.
Бидејќи веднаш почнаа бројни шпекулации, а имаше и такви кои се надеваа дека на споменатата веб-страница ќе ја видат „на дело“ најпосакуваната пејачка на овие простори, таа сега ги коментираше овие наводи:
– Инстаграм ги заостри правилата и санкционира секоја поексплицитна содржина, дури и фотографии од бикини . Затоа сакам да отворам профил на OnlyFans. Реакциите се како да најавив снимање на по**o филм – кратка беше Јелена Карлеуша.
Јелена Карлеуша неодамна објави дека е во преговори за снимање филм по мотивите на нејзиниот живот.
– Ќе ви кажам една ексклузивна. Во преговори сум да се играм себеси во филмот. Зборувам за тоа многу активно. Јас и еден од нашите многу познати актери би ги добиле главните улоги – изјави Јелена Карлеуша.