Јелена Карлеуша летово напорно работеше на проектот што го подготвува, но и на нејзината линијата.
Имено, нејзиниот албум штотуку треба да излезе, а пејачката реши да поправи уште неколку детали на себе, па во оваа прилика ги изненади сите кога објави фотографија на која се гледа дека ги обоила веѓите во сина боја.
Таа носеше црна и проѕирна комбинација која ги истакна нејзините колкови и фигура, а косата врзана во пунџа дополнително ги истакна нејзините поостри црти.
Да потсетиме, пејачката пред неколку дена го прекина настапот во Будва за да го потврди излегувањето на долгоочекуваниот албум „Алфа“ за две недели.