Јелена Карлеуша е музичка ѕвезда веќе три децении, а во 2024 година за првпат ќе се проба во актерството!
Пејачката добила епизодна улога во домашна хит серија, а деталите се држат строго доверливи.
Сè беше договорено пред неколку месеци, а иако сè уште не се познати сите детали, како што стојат работите во моментов, снимањето најверојатно ќе започне на пролет. Станува збор за сериозна продукција, која ќе и’ парира на светската индустрија а преносот се очекува кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Инаку, последниве неколку дена на социјалните мрежи се појави информација дека се работи за серија на Лазар Ристовски и дека тоа е сосема сигурно, а доказ за тоа е и фактот што Карлеуша веќе подолго време е во пријателски односи со Ристовски. Самата Јелена пред неколку дена го означи актерот на видео на својот Инстаграм и му го кажа следново:
– Новогодишните пораки повеќе не се она што беа! П.С.: ДрагЛазаре, имаш таков лик пријателе и не сме потпишале договор за најгледаниот филм на сите времиња – напишала пејачката.
– Без коментар – одговори Ристовски на прашање од новинарите дали ова информација е точна.
Да потсетиме, приказните за соработката на Јелена и Лазар датираат од 2022 година, кога беа фотографирни за време на разговор во ресторанот на еден елитен хотел во Нов Белград. Тогаш беа многу расположени, а со нив беше и најдобрата пријателка на пејачката, Јована.
Лазар ја коментираше нивната тогашна средба вака:
– Случајна средба и пријатен разговор со жена, вистинска суперѕвезда. Со дама која има отворен ум и остар јазик. Таа и Басара му се потребни на секое општество бидејќи тие се огледало што не лаже и нè разубавува. А во исто време се и многу смешни – изјави тогаш познатиот актер.
Тогаш луѓето од естрадата рекоа дека двајцата ќе соработуваат, но не се знаеше точно за што се работи. Некои велеа дека станува збор за документарен филм кој Карлеуша долго време сака да го сними, а режисер на тој проект ќе биде Ристовски. Сепак, се чини дека нема ништо бидејќи, како што рекоа тогаш блиски извори на Јелена, документарниот филм бил планиран за летото, односно да го следи објавувањето на нејзините албуми „Алфа“ и „Омега“.