Карлос Алкараз со пораз го започна учеството на zавршниот Мастерс во сезоната.
Шпанскиот тенисер беше поразен во 1. коло од групата Б од Германецот Александар Зверев со 2:1 или по сетови 7:6 (7:3), 3:6, 4:6.
Александар Зверев по два часа и 34 минути игра оствари победа над вториот тенисер во светот.
Во првиот сет беше забележан по еден брејк на двете страни, па победникот беше решен во тај-брејк, во кој Карлос Алкараз беше подобар и славеше со 7:3.
Во вториот гем од вториот сет, Александар Зверев му го одзеде сервисот на Шпанецот, а предноста од еден брејк ја задржа до деветтиот гем, кога ја искористи првата сет-топка и стигна до израмнување.
Во решавачкиот сет Александар Зверев го прекина сервисот на Карлос Алкараз во петтиот гем. Шпанецот во 10. гем пропушти брејк топка, а во продолжението од играта Александар Зверев ја искористи првата меч-топка и стигна до победата.
Во следното коло Александар Зверев ќе игра против Русинот Данило Медведев, додека Карлос Алкараз ќе се сретне со Русинот Андреј Робљов.
Инаку, ова е трет последователен пораз на Карлос Алкараз, кој загуби во првото коло од Париз и во третото коло од Шангај.