КАРЛО АНЛЕЧОТИ ОСТАНУВА “КРАЛ“ – Ништо од шпекулациите за Бразил, Италјанецот останува во Реал Мадрид

Италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти го продолжи договорот со Реал Мадрид до лето 2026 година, објавија денес од „Кралскиот Клуб“.

Иако светските медиуми изминатиот период често пати навестуваа дека Карло Анчелоти ќе седне на селекторската клупа на Бразил, 64-годишниот Италијанец, сепак, ја продолжи верноста кон шпанскиот гигант до 30. јуни 2026.

Реал Мадрид и Карло Анчелоти се согласија да го продолжат договорот до 30. јуни 2026 година“, соопшти Реал Мадрид.

Карло Анчелоти е во Реал Мадрид од 2021 година, а претходно го предводеше мадридскиот клуб од 2013 до 2015 годин.

Карло АнчелотиРеал Мадридфудбал