Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вечерва ќе добие отказ доколку неговиот тим вечерва не оствари позитивен резултат во дербито од 32. коло на Ла Лига против Атлетик Билбао, пренесува шпанскиот портал Релево.
Како што тврди Релево, позицијата на Анчелоти како тренер е опасно разнишана по неговата елиминација од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а евентуален кикс вечерва би значел и прекин на соработката со Кралскиот клуб.
Реал Мадрид вечерва од 21 часот (21 часот) ќе го пречека Атлетик Билбао на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и мора да слави за да остане во трката за шампионската титула во Шпанија.
Со натпревар помалку Реал има седум бода помалку од лидерот Барселона, а јасно е дека вечерашниот кикс практично би значел дека титулата ќе му припадне на каталонскиот клуб.
Доколку Реал не успее вечерва, Анчелоти би добил отказ, а клубот би назначил привремен тренер до крајот на сезоната, по што Флорентино Перез би се обидел да го доведе Чаби Алонсо.